(преземи го огласот во Word)
CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.
Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија
Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:
ИНЖEНЕР ЗА МАШИНСКА ОБРАБОТКА
Потребни квалификации:
- ВСС Машински факултет
- Работно искуство не помалку од 5 години во област на машинска обработка
- Одлично познавање на технолошки операции,способност за читање на технички цртежи,упатства и спецификации
- Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма
- Напредно познавање на апликативен софтвер за цртање ( Autocad, Corel, Solid Works ) како и CNC програмирање автоматика и роботика
- Организираност и фокусирање на комплексни задачи во кратки рокови
Oдговорности:
· Изготвува калкулација и ги дефинира технолошките параметри
· Ја контролира оперативноста на машините и носи одлуки околу промена на параметри
· Го следи процесот на обработка
· Подготвува анализа за сите недостатоци при обработка спроведува корективни мерки,и го подобрува производниот процес на обработка
· Одговорен е за реализација на нови производни процеси, креира упатства за истите и ги документира сите настанати промени
Ние нудиме:
- Можност да сте дел од голема компанија со над 150 вработени
- Стабилност и можност за развивање
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
Работниот однос се склучува на одредено време со можност за продолжување
Апликација
Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци