
За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – ПРАКТИКАНТ БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
Озон има потреба од машински инженер - кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе се стекне со можност за обука и вработување како конструктор за изработка на техничка документација за производство на машини и производи за климатизација и други производи.
Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
-
Студент или Завршен Машински Факултет - ќе се смета за предност
-
Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
-
Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad”, “Autocad Inventor” или “Solidworks”
-
Познавање програми за работа на компјутер –и други
-
Солидно познавање англиски или германски јазик
-
Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата
За следниве работни задачи
-
Водење планови за производство, изработка на листи, обука за работа во “ софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи од претпоставени
-
Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство
-
Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата
-
Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
-
Организација и архивирање документација за тековната работа
-
Изработка на извештаи
-
Примена и реализација на современи решенија и технологии
-
Контрола на квалитет
Се добиваат следниве услови за работа
-
Редовни примања во текот на практикантската работа
-
Вработување на неопределено време за избраните квалитетни кандидати
-
Можност за обука и стекнување нови знаења
-
Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
-
Награди за квалитетно извршување на работните задачи
Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »