
За компанијата:
Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »
Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место:
Администратор на системот за информациска безбедност
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Подготовка на акти од подрачјето на информациска безбедност и нивно усогласување со регулаторна икорпоративна рамка;
Следење на настани и инциденти од областа на информациска безбедност;
Процена на безбедносни ризици и мерки за нивно третирање;
Конципирање и водење на безбедносни проверки;
Планирање и спроведување на обуки за вработените од подрачјето на информациска безбедност;
Известување за безбедносни инциденти;
Учество и соработка со стручните служби во реализација на проекти во Друштвото и во рамките на ГрупацијаТриглав.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото во Скопје
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Бележи активности поврзани со загрозување на безбедноста на информацискиот систем;
Презема мерки за решавање на настанатите проблеми на подрачјето на информациска безбедност;
Врши процена на безбедносни ризици на информацискиот систем;
Изготвува и ажурира документација за плански и вонредни задачи од подрачјето на работа и за тоа редовно гоизвестува одговорното лице;
Врши тестирање и симулации на упади во информацискиот систем и подготвува планови и нацрт за спречување натакви активности;
Врши надзор и контрола на спроведувањето на политиките на безбедност на информацискиот систем и останатитеинтерни акти кои што се однесуваат на сите аспекти на безбедноста на информацискиот систем;
Учествува во планирањето и редефинирањето на деловниот континуитет на работењето.
ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:
Природата на работното место и на работните задачи подразбира самоиницијативност и желба за континуирано надградување и развој.
ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:
Високо образование од релевантно подраје на работа
Активно познавање на англиски јазик
Познавање на MS Windows технологии
Познавање на технологии за вмрежување
Познавање на концепти и стандарди за информациска безбедност
Познавање на алатки и процедури за информациска безбедност.
НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:
Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.
Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 11.11.2023:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000WtHSj
Слични огласи »