
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент Лек Скопје, реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Реализација на сите активности од процесот на СО валидација во согласност со процедурата;
- Комуникација со Купувачите врска СО валидација;
- Извршување на секојдневните активности поврзани со продажбата во координација со тимот;
- Извршување на извештаи и анализи за продажба за Македонија, Косово и Албанија;
- Калкулација на комерцијални акции;
- Калкулација на одобренија по основ на договори;
- Обработка на СО и СИТ (залиха од веледрогерии), извештаи за СО и СИТ.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетска диплома по ИТ, економија, финансии или друга еквивалентна диплома;
- Работно искуство не е потребно;
- Одлично познавање на Excel;
- Одличен англиски јазик и пишан и говорен.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски способности;
- Самодоверба, одлучност и упорност;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Клиентот нуди:
- Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати;
- Нето месечна плата од минимум 25.000 денари;
- Полно работно време.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »