
За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко!
повеќе за компанијата »KFC е еден од најголемите светски ланци за храна, има франшиза на повеќе од 22.000 продажни места во околу 130 земји. Рестораните го нудат заштитниот знак на полковникот-пржено пилешко.
Првиот ресторан во Македонија е отворен во 2018, во моментов имаме 6 ресторани и повеќе од 140 вработени кои ја споделуваат нашата визија, вредности и посветеност. Вработени кои имаат неверојатни идеи и се секогаш насмеани.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
KFC Македонија вработува: Специјалист за човечки ресурси
ОДГОВОРНОСТИ:
- Организација и имплементација на процесот на регрутација и селекција на кандидати,
- Водење на дигитална и електронска евиденција на вработените и редовно ажурирање на истата,
- Спроведување на процесот - вовед во работата (Onboarding),
- Подготвување на тренинг план за сите вработени и следење дали се завршени сите обуки,
- Спроведување на перформанс евалуација за сите вработени,
- Комуникација со вработените за идентификување на нивните барања и потреби,
- Подготвување на извештаи од областа на човечки ресурси,
- Спроведување на излезни интервјуа,
- Други активности кои што произлегуваат и се поврзани со одделот на човечки ресурси,
ШТО ОЧЕКУВАМЕ:
- Дипломиран правник, психолог или сродно образование од областа на човечки ресурси,
- Претходно работно искуство во областа,
- Одлично познавање на Англиски јазик познавање на Албански јазик ќе се смета за предност,
- Способност за работа во динамична средина,
- Одлични организациски способности,
- Возачка дозвола Б – категорија (активен возач).
ШТО ВИ НУДИМЕ:
- Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на брза храна,
- Динамична работна средина,
- Можност за кариерен раст и развој,
- Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа,
- Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови,
- Дневен бесплатен оброк и попуст од 20% на сите производи од компанијата.
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Ве молиме испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на пораката: „Специјалист за човечки ресурси“, најдоцна до 23.01.2024.
Слични огласи »