РЖ УСЛУГИ АД Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на
1. Администратор - канцелариско работење
Од кандидатот се очекува да ги извршува следните работни задачи:
- Административна подршка во работењето (подготвување на известувања, барања прием и праќање на обична и електронска пошта, изготвување, скенирање, принтање и копирање документи.);
- Eвидентирање на влезна и излезна документација;
- Вадење на М1 М2 за вработени
- Изготвување на препораки и потврди за работен однос за Вработени;
- Подигање на фактури од пошта;
- Достава на фактури.
- Внесување на фактури во книга за влезни/излезни фактури;
- Закажување интервјуа;
- Закажување на состаноци;
- Вршење на нарачки за потреби на фирмата;
- Одлична соработка со надворешно сметководство;
- Прием на гости;
- Прием и проследување на повици;
Работата се извршува од 8 - 16 часот.
Квалификации на кандидатите:
- ССС
- Солидно познавање на програмскиот пакет Microsoft Office Word, Excel и Outlook.
- Возачка дозвола Б-категорија - (активен возач)
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
- Биографија (CV) Доказ за завршено образование
Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно).
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира“
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување: 04.08.2025