За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Нашиот клиент Рудник Бучим бара квалификиван и мотивиран кандидат за позицијата
КООРДИНАТОР НА ИНТЕГРИРАН МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМ (IMS КООРДИНАТОР)
Локација: Радовиш
За компанијата:
Бучим ДОО Радовиш е единствениот рудник за бакар во Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Радовиш, Југоисточна Северна Македонија. Рудникот е од отворен тип и произведува бакарен концентрат кој содржи бакар и злато. Од 2005 година, рудникот за бакар Бучим е дел од Солвеј Инвестмент Групацијата која го постави Бучим на нов пат и му обезбеди долгорочна иднина. Со 650 директно вработени, рудникот е најголемиот локален работодавец во регионот и е целосно посветен на своите социјални и еколошки одговорности.
Цел на работното место:
Работното место обезбедува воспоставување, имплементација, одржување и континуирано унапредување на интегрираниот менаџмент систем (IMS) во согласност со барањата на ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001, со цел да гарантира ефективност, законска усогласеност, минимизирање на ризици и подобрување на перформансите на друштвото во доменот на квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа.
Основни одговорности:
- Управување, организирање и координирање на активности за воспоставување и одржување на IMS во сите сектори на друштвото.
- Подготовка на годишен план за IMS активности.
- Следи и обезбедува усогласеност со барањата на ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.
- Внатрешни аудити, подготовка на извештаи и преглед од раководство.
- Контрола на усогласеност и подобрување.
- Управување со документација и подготовка на записи.
- Обука и развој на свест.
- Извештаи, анализа и комуникација.
- Управување со ризици.
- Учество во проекти и развој.
- Други задачи по налог на претпоставениот.
Барања:
- Високо образование - технички, природни или општествени науки
- Од 2–5 години искуство во областа на интегрирани системи за управување; најмалку 2 години искуство во координација или раководење со IMS/ISO системи
- Сертификат за внатрешен аудитор по ISO 9001.
- Предност е сертификат за ISO 14001 или ISO 45001.
- Познавање на методологиите PDCA, SWOT, risk-based thinking.
- Општо познавање на ESG концептите и управување со ризици.
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint, Outlook).
- Искуство со IMS/ISO бази на податоци, системи за документи и управување.
- Познавање на деловен Англиски јазик.
Понуда:
- Конкурентна понуда, покриени трошоци за превоз
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, испратете го вашето CV преку линкот. Во насловот на пораката наведете: IMS Координатор.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошни интервјуа. За дополнителни прашања, слободно јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Со аплицирање на оваа позиција, ни давате дозвола да го чуваме вашето CV и лични информации во нашата база на кандидати во период од една година, со можност да ве контактираме за релевантни позиции. Доколку не сакате вашето CV да се чува во нашата база, ве молиме наведете го тоа во вашата е-пошта.