
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Референт за ликвидација на штети
Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома,
- Најмалку 5 години работно искуство во областа на надомест на штети поврзани со нематеријални штети, осигурување од несреќен случај (незгода), доброволно здравствено осигурување;
- Одлични комуникациски вештини;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
- Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми
Работни обврски
- Утврдува основ на барање за надомест на штета во согласност со законски прописи и интерни акти на друштвото,
- Изготвува Спогодби за надомест на штета за класите за осигурвање за кој е одговорен;
- Комуницира со оштетени лица и други трети страни во врска со обработка на предмети за надомест на штета;
- Врши системска ликвидација на оштетни побарувања согласно лимити утврдени во интерни акти на друштвото;
- Изготвува мислења, извештаи и друга документација поврзана со процесот на ликвидација на барања за надомест на штета;
- Го застапува Друштвото во судски постапки поврзани со барања за надомест на штета;
- Врши и други сродни работи.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за ликвидација на штети”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото, до една година.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »