
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент, ENEKS GROUP ENGINEERING, компанија која на пазарот нуди: врвни системски решенија за греење, ладење, производство на санитарна топла вода, секаков третман на вода, и при тоа исклучиво користи обновливи извори на енергија, ДЕКРА ја огласува следната позиција:
KEY ACCOUNT MANAGER/ SALES MANAGER
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Развој на партнери за соработка на целата територија за сите програми во компанијата;
- Редовна комуникација со партнерите и креирање стратегии за развој;
- Изнаоѓање нови можности за остварување на продажни резултати преку редовна соработка со проектанти, архитекти и партнери;
- Одржување на тренинзи и обуки на партнери.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС;
- Да има возачка дозвола со добро искуство во возење;
- Да има добро развиени продуктивни навики, ефикасно работење, силна амбиција, врвни човечки вредности, (поштен, вреден, посветен);
- Претходното работно искуство ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на Outlook calendar (сите активности ги планира и ажурира во календар);
- Напредно познавање на Excell (pivot, креирање на база на податоци, форматирање, формули и дијаграми...)со цел креирање на потребни извештаи. Високо развиени аналитични способности и логика во бројки;
- Напредно познавање на Power Point Presentation, анимации, креирање на презентации, професионално креирање на презентации со сите техники и јаки презентации вештини – говор на тело, став;
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлични организациски способности (сите активности ги планира и ажурира во календар);
- Одлични комуникациски вештини: Mail комуникација на најпрофесионално ниво – пишување на текстови и комуникација со странки и одржување на високо ниво на меѓучовечки односи;
- Да има силни лидерски компетенции: да сака да учи и да се менува, да биде лидер на промени, да има силно изразена иницијативност;
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и мотивационо писмо,може да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за која позиција аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 20/06/2022 година.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »