
За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на корисниците и пласира IT решенија и идеи на пазарите во три земји. Воедно е и компанија посветена на креирање корпоративна култура која успешно умее да предизвика кај вработенте ентузијазам за работа, креативност и желба за постигнување успеси.
Тој тим има потреба да се прошири, со:
Систем администратор
Потребни квалификации:
- Динамична и позитивна личност,
- Поседува деловна етика и лојалност,
- Спремен за успеси,
- Умее и сака да работи во тим,
- Почитува рокови и процедури,
- Спремен за лична и корпоративна континуирана надградба,
- Има возачка дозвола за Б категорија,
- Има завршено соодветно високо образование (Електротехнички факулетет или друга релевантна институција),
- Има посетувано неформални обуки во сферата и поседува сертификати за положени испити од истите;
- Постојано ги следи трендовите во својата област и има интерес за постојана надградба;
- Има работено на иста или слична позиција најмалку 3 години;
- Успешно комуницира на англиски (и друг странски јазик).
Работни обврски:
- Поддржува LAN, WAN, мрежни сегменти, интернет и интранет системи,
- Ја одржува ефикасноста на системот, постојано е сигурен дека дека дизајнот на системот овозможува непречено сите компоненти да работат заедно и правилно,
- Успешно се справува со решавање на пријавени проблеми и од корисници,
- Следи трендови во неговата област и дава препораки за идни надградби на системот,
- Одговорен е за одржување на безбедноста на мрежата и на целиот систем во ДУНА,
- Дава оценка за потреба од менување на перформансите на системот,
- Одговорен е да мрежното поврзување низ инфраструктурата на комапнијата е во согласност и на исто ниво со техничките потреби,
- Дизајнира и распоредува мрежи,
- Одржува мрежни сервери,
- Администрира сервери, компјутери, принтери, рутери, прекинувачи, телефони, распоредување на софтвер, безбедносни надградби,
- Го штити угледот на комапнијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура.
Систем администраторот во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок.
Контактирајте преку достава на вашете CV на маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Систем администратор“.
Слични огласи »