
За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија...
повеќе за компанијата »Поради потреба од нов кадар во Скопје, СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА ДОО Скопје распишува конкурс за работа:
Агент за грижа за корисници во Скопје
Ве покануваме да станете дел на нашиот професионален тим.
Локација: Ул. 1523 БР. 1, Горно Лисиче, Дирекција на СЕТЕК Се од Техника ДОО Скопје
Потребни квалификации:
- ВСС/ССС
- Пожелно е предходно работно искуство
- Работно користење на компјутер – MS office
- Пишано и усно изразување на литературен македонски јазик
- Познавање на англиски јазик
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа, љубезност, снаодливост, комуникативност со голем праг на толеранција и способност да се снајде во разни ситуации.
Одговорности и задачи:
- Грижа за корисници и одговарање на нивните барања поврзани со нашите услуги и производи
- Решавање на технички проблеми и сервисни процедури
- Комуникација со сите оддели на повисоко ниво
- Решавање на поплаки на корисници преку телефон, имејл и социјални медиуми
- Давање информации за нашите понуди и промоции со цел задоволување на поребите на корисниците
Ние нудиме:
- Работа во динамична и пријатна канцелариска атмосфера во која се негува почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Менторирање од колега со долгогодишно искуство
- Обуки од врвни производители на техника
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го достават своето CV на е-пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на огласот “Грижа за корисници”.
Слични огласи »