Работни одговорности на Хаусмајстор во Ресорт Маврово ДОО:
- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
- Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија;
- Работа со разновиден алат;
- Врши поправки во хотелите согласно работните налози;
- Други одговорности соодветни на работното место Хаусмајстор.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Организациски вештини, мултитаскинг, организација на приоритети;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Потребни квалификации:
- Искуство од мин. 2 години работа како мајстор;
- Мин. ССС;
- Возачка дозвола B категорија;
- Флексибилно работно време.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Хаусмајстор.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 20.08.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.