КликниЈади, најголемиот сервис за достава на храна во Македонија, има потреба од вработување на две лица на работната позиција Call Agent. Кликни Јади е основан во 2015 година и постои веќе 6 години. Денес работиме со 250+ ресторани во Скопје и имаме тим кој брои над 100 вработени!
Биди ти дел од тимот на КликниЈади!
Опис на работно место:
- Работа во динамична работна средина,
- Здобивање со напредни продажни и комуникациски вештини,
- Комуникација и организација на работа со клиенти, ресторани и добавувачи.
Квалификации:
- Минимум ССС,
- Одлични комуникациски и организациски вештини,
- Позитивност и љубезност,
- Посветеност, одговорност,
- Основни познавања за работа на компјутер,
- Англиски јазик.
Ние нудиме:
- Работа во две смени,
- Атрактивна плата според квалификации,
- Можност за заработување на дополнителни бонуси.
Заинтересираните кандидати можат да ги достават апликациите во форма на CV на следната email адреса [најави се за да го видиш е-маилот]