СЕПТИМА лого

Раководител на логистика

За компанијата: Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 15 часа
  • СЕПТИМА
  • Активен до 31.05.2025
  • Позиција: Транспорт/логистика/шпедиција
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3060-175
  • Веб: www.septima.com.mk/

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ

бул. 3-та Македонска бригада бр.92 - Скопје го проширува својот тим и распишува оглас за вработување.

Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени да со својот личен став и знаење дадат придонес во работењето на компанијата. Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.

Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно мест:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА

Опис на работна позиција:

  • Организација на работата на служба за логистика (експедиција, магацинско работење и електронска обработка на податоци)
  • Оптимизација на работните процеси во службата за логистика
  • Пратење и рационализација на трошоци произлезени од работењето на службата за логистика
  • Следење на логистички процедури со кои се опишува продуктивноста на работата на службата за логистика
  • Известување на надредените за реализација на дефинираните цели на службата
  • Континуирано усогласување на работењето на службата за логистика со законските прописи

Услови:

  • Виш или Висок степен на стручна подготовка (Сообраќаен факултет-смер логистика, Технички факултет со адекватно насочување)
  • Минимум 2 години работно искуство на слична позиција
  • Напредно познавање на работа со MS Office пакет
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Искуство во работа со ERP системи
  • Возачка дозвола Б категорија

Од вас очекуваме да бидете:

  • Комуникативни, аналитички, иницијативни
  • Одговорни во исполнување на зададените цели и работни задачи
  • Подготовени за надоградување и усовршување
  • Насочени кон креативно размислување
  • Подготвени за тимска работа
  • Подготвени за превземање на одговорност за своите одлуки

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Ве молиме Вашето CV да го доставите најдоцна до 31.05.2025 год. на следната е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »