За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Агенција Рејтинг вработува
ПР менаџер!
Агенција Рејтинг има потреба од мотивиран ПР менаџер кој активно ќе учествува во процесот на осмислување и реализазија на комуникациски стратегии и секојдневно комунициарање со јавност. Позицијата дозволува огромен напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.
Нашиот идеален кандидат е креативна личност со завршено високо образование. Од особена важност ни е кандидатот да биде посветен на професијата со одлични вештини за пишување и истражување. Кандидатот треба да има интерес и желба за развој во областа на политичките комуникации и добро познавање и следење на политичките случувања во земјата и светот. Се бара перфектно познавање на англиски јазик и искуство со комуникација на социјални мрежи. Доколку сте организирана, самоуверена и комуникативна личност, тогаш би сакале да Ве запознаеме.
Должности:
- Одржување на календари (прес конференции и други настани) и медиумски листи.
- Асистирање при организирање и спроведување на настани, кампањи и слично.
- Пишување на соопштенија за медиуми.
- Следење на медиумска покриеност и веб аналитика.
- Креирање содржина и одржување на профили на социјални мрежи
Кандидатот треба да:
- Има искуство во односи со јавност, особено ќе се цени ако искуството е во политичката сфера, или слична позиција.
- Има искуство со работа со социјални мрежи
- Има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго поле.
- Ги разбира основните ПР и маркетинг концепти и практики.
- Поседува одлични вештини за комуникација и пишување.
- Биде добро организирана личност која исполнува рокови.
- Има око за детали и аналитика.
Работно време е од 9 до 17, но Пр-от како професија бара флексибилност и достапност. Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]