
Фирма од Скопје има потреба за вработување на Електроинженер (една или повеќе позиции) за проектирање, изведба, пуштање во работа и одржување на системи за слаба струја (системи за автоматска детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап, системи за детекција на упад/кражба, системи за јавна објава и озвучување, системи за броење на посетители, компјутерски системи, системи за обесчадување, како и по покажан интерес на кандидатот и за системи за автоматика и Building Management системи) за деловни и индустриски објекти.
Потребно образование: ВСС Факултет за електротехника (со насока која одговара на позицијата)
Работно искуство: Мин. 1-2 години искуство на исти или слични позиции.
Опис:
- Разработка на идејни решенија за конкретен објект,
- Изработка на идејни, основни и изведбени проекти со изработка на електрични, апликациски, функционални шеми и предмер пресметки за горе наведните системи,
- Координација, надзор и учевство во изведба на договорените проекти,
- Пуштање во работа на конкретните системи со програмирање и тестирање на истите,
- По покажан интерес и вклучување во делот за автоматика и БМС
Потребни вештини:
- Мин. 1-2 годишно искуство на иста или слична позиција,
- Активно познавање на AutoCAD, MS Office, Visio, Corel DRAW,
- Активно познавање на технички англиски јазик,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Подготвеност за тимска работа под притисок на зададени рокови
Други вештини кои би биле предност:
- Познавање и на работи поврзани со јакострујни инсталации и системи,
- Познавање и на основи на процеси за термотехнички инсталации (HVAC),
- Поседување на валидна лиценца за проектант (електротехника) на градби од “А/Б” категорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
- Поседување на валидна лиценца за изведба (раководител на градба) (електротехника) на градби од “А/Б” катергорија , издадена од Комора на овластени архитекти и инженери на Р.Македонија,
- Познавање или искуство со работа со стандардните протоколи за комуникација за автоматика и БМС: BACnet MS/TP; BACnet IP; LonWorks; N2 Bus; Modbus RTU; Modbus IP; M-Bus; KNX
Фирмата нуди:
- Континуирано усовршување во сите области со обуки во странство (стручни, индивидулани,..)
- Соодветна финансиска компензација
- Динамична и интересна работна средина во проектно ориентиран тим
Кратка биографија и мотивациско писмо да се достави на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »