Transcom Macedonia лого

Специјалист за корисничка поддршка со германски јазик во областа на туризмот-скратено работно време

За компанијата:

Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

повеќе за компанијата »

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот! 

 

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 23.750 денари
  • Договор на определено/неопределено време
  • Приватно здравствено осигурување
  • Регрес за годишен одмор/К15
  • Договор на скратено работно време (4 часа дневно со можност за флексибилен распоред)
  • Платена обука
  • Performance bonus врз основа на твоите компетенции
  • Бонуси за препораки на пријател
  • Работа од нашата канцеларија во Тетово (за оваа работна позиција нема можност за работа од дома или од Скопје)
  • Можност за напредок - штотуку се формира нов тим и ќе бидат потребни идни лидери

 

Стани дел од новиот германски тим и патувај онлајн низ целиот свет!

На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:

  • Прашања за предлози и резервации за патувања
  • ​Повратни информации и предлози за резервираните патувања
  • Промени или откажувања на патувањата и планираните тури
  • Дополнувања или промени на резервациите
  • Административно следење на сите организирани тури и неопходни извештаи
  • Предлагање и советување на најдобрите можни решенија и услови за патување

 

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим? 

  • Одлично зборуваш и пишуваш на германски јазик (B2/C1)
  • Комуницираш и на англиски јазик до B1 ниво 
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
  • Мотивиран/а си и одговорен/на 
  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
  • Сакаш да се развиваш во оваа индустрија

 

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-152

 

Интервјуата се во тек и процесот на селекција трае до 24.06.2023! Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »