Пивара Скопје АД лого

Помошник за дистрибуција

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

ПОМОШНИК ЗА ДИСТРИБУЦИЈА

Доколку си одговорен, позитивен и уживаш во работа на терен – време е да бидеш дел од нешто поголемо!

Го прошируваме нашиот тим за дистрибуција и отвораме повик за повеќе Помошници за дистрибуција.

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје – компанија со повеќе од 100 години традиција и лидер во производство и продажба на пијалаци. Работиме со најголемите брендови во светот, бидејќи сме дел од интернационалните групации  Coca‑Cola HBC и HEINEKEN.

Постојано растеме, вложуваме во модерна опрема и воведуваме нови производи за да им понудиме најдобра услуга на нашите купувачи и најдобро искуство на потрошувачите.

Нашата цел е едноставна- да бидеме сигурен 24/7 партнер - за нашите купувачи, за нашите потрошувачи и за нашите вработени.

Веруваме во тимска работа, поддршка и заеднички успеси - затоа што во Пивара Скопје...Растеме и победуваме заедно!

ШТО НУДИМЕ

  • Fit Kit – бесплатна месечна членарина со пристап до 300+ спортски активности
  • Бесплатен топол оброк секој ден
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбедена обука за работа
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Учество во утовар и истовар на производи
  • Проверка и потврда на точната количина на стоки при утовар во магацин и при испорака до продажни места
  • Достава на производи до маркети, ресторани и кафулиња, согласно планот за дистрибуција
  • Доставување фактури-испратници до купувачите и обезбедување потпис при достава
  • Грижа за хигиената и одржување на чистотата на возилото
  • Претставување на брендот и производите на ПИВАРА АД Скопје

ШТО БАРАМЕ

  • Подготвеност за тимска работа

Доколку се препознаваш во описот и си заинтересиран/а за работа кај нас, пријави се тука или испрати ги твоите податоци на Viber/ SMS или WhatsApp на 078/281-809.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »