Прима Мебел ДОО лого

Хигиеничар/ка

За компанијата:

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува над 60 продажни места, во Република Словенија 2 продажни места  додекa во Северна Македонија 8 продажни места. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.

Поради отворање на нов продажен салон во Скопјe со површина од 4 000 м2 во склоп на Godi Retail Park, имаме потреба за проширување на тимот. Бараме педантна, вредна и одговорна личност која би била зантересирана за работната позиција:

ХИГИЕНИЧАР/КА

Број на работни места: 1

Локација: Скопје - Godi Retail Park

Твоите работни обврски вклучуваат:

  • Одржување на чистотата на изложбениот простор и канцелариите;
  • Бришење и одржување на изложбениот мебел и експонати;
  • Чистење и одржување на подовите;
  • Повремено генерално чистење;
  • Следење и грижа за материјал и средства за  чистење;

Твојот профил треба да биде:

  • Искуство на слични работни места е предност, но не е задолжително;
  • Имаш позитивен став;
  • Педантен си и одговорен;
  • Флексибилност во извршувањето на задачите;
  • Спремен си за тимска работа;
  • Си мотивирана и стабилна личност;

Нудиме:

  • Работа во динамична средина;
  • Пријатно работно опкружување;
  • Работа во организиран и стабилен колектив.

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Хигиеничар.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »