
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобилска индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Од неодамна и бендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија при што во моментот вработуваме:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Финасово работење на компанијата, давање на веродостојни финансиски извештаи кон државни органи како и на надредените во компанијата (Генерален директор, Извршен директор и негов зменик и на сопствениците на компанијата);
- Контрола на работа на подредените работни места т.е. Шеф на сметководство и Шеф на финансова оператива;
- Следење на монетарните движења во Република С.Македонија (каматни стапки, девизни курсеви, провизии на деловните банки);
- Соработка и давање на совети од областа на финансии на сите директори на сектори во компанијата;
- Континуирано сопствено надградување преку посета на семинари како и контрола на обука на сметководствени кадри;
- Следење на сите законски прописи кои се во врска со финансиите;
- Изготвување извештаи кон Принципалите како и извештаи за годишните и петгодишните маркетинг и бизнис планови;
- Следење на плаќањата кон странство и компентното финансово работење на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС, Економски факултет, смер сметководство, финансии и ревизија;
- Работно искуство од минимум 5 години на позиција Финансов директор или 5 годишно искуство во ревизија на позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
- Комуникациски, преговарачки, презентерски вештини;
- Аналитичност, прецизност, работа со детали и во динамично окружување;
- Превземање на одговорност, иницијативност, посветеност, индивидуален и тимски играч.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех,Вашето CV доставете го на [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е : 31/12/2020
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »