
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент Сокотаб Битола, дел од групацијата Сокотаб, светски лидер на пазарот за откуп и преработка на ориентален тутун, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Инсталација, конфигурација и одржување на компонентите на ИТ инфраструктурата;
- Обезбедување на непрекината работа на ИТ инфраструктурата и системите:
- Детекција и решавање на дефекти( прва линија на поддршка);
- Иницирање и следење на корективни активности;
- Извшување на надградби и инсталации на системите;
- Евиденција на безбедносните подесувања на сите инфраструктурни компоненти и системи;
- Креирање и одржување на потребна техничка документација и процедури за хардверот и системите;
- Техничка поддршка на корисници во филијалата, регионалните канцеларии или ограноци. Водење на корисниците низ процесот на решавање на проблемите и евидентирање на проблемот;
- Креирање, имплементирање, одржување и активирање на Cloud решенија;
- Координација на нарачките и одржување на ажурна евиденција на компонентите на ИТ инфтраструктурата ( хардвер, софтвер, мрежни компоненти, резервни делови за компјутери);
- Следење на корпоративните ИТ планови и поголеми иницијативи, соработка со други филијали;
- Соработка и надгледување на надворешните консултанти инволвирани во внатрешните ИТ проекти;
- Евиденција за конфигурациите и активностите за решавање на проблеми во врска со основниот сервис на ИТ инфраструктурата;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС- Факултет за информатички технологии или слична дисциплина;
- 3-5 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлично познавање на ИТ инфраструктурата, безбедност на системи и back up/ recovery на податоци;
- Искуство со мрежи (LAN/WAN технологија, компоненти, протоколи) и безбедносни подесувања. Искуство со виртуелна технологија особено со VMWare;
- Разбирање на Cloud Технологи;
- Поседување на сертификати за Microsoft, Cisco, ITIL, Azure Cloud услуги или слични технологии ќе се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Аналитичко размислување и решавање на проблеми;
- Одлични комуникациски способности;
- Способност за адаптација при промена на технологии;
- Одлично познавање на англиски јазик.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: ИТ Специјалист.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 18.10.2021.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »