
За компанијата: Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.
повеќе за компанијата »- Објавен на 10.2021
- ФОРТИС ДОО
- Активен до 27.10.2021
- Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
- Локација: Куманово
- Веб: fortis.mk
- Facebook: линк
- Instagram: fortis.mk
Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:
Референт за логистика и сервис (2)
Потребни квалификации
- ССС; Машински или електро смер
- Основно познавање од англиски јазик
- Возачка дозвола – мин. Б категорија
- Познавање на механика, електроника или фриготехника се смета за предност
- Основно познавање на Microsoft Office, Mozilla Thunderbird и еквивалентни
Профил на личност
- Фокусираност кон работните обврски
- Организираност и одговорност
- Одлични комуникациски вештини
- Прецизност и точност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Работење независно, со помал степен на директен надзор
- Лојалност, доверливост, самоиницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под временски притисок
- Способност за утврдување на причини за дефекти и предлагање на соодветни решенија
Работни задачи и одговорности
- Манипулација, проверка, припрема, означување и пакување на опрема при прием или пред испорака во согласност со процедури и правилници пропишани од компанијата.
- Ефикасна испорака, истовар и квалитетна монтажа на опрема на локација на клиент во согласност со правила и процедури.
- Спроведување на темелна и квалитетна обука на клиенти/персонал овластен од клиенти за адекватно користење и чистење на опремата во интерес на намалување на дефекти предизвикани од неправилно ракување.
- Константно надоградување на техничко и функционално знаење за опремата преку едукација и читање на упатства за користење и работа.
- Квалитетно и експедитивно оддржување, дијагностика и проправка на дефекти на опрема во согласност со процедури и стандарди пропишани од компанијата со цел подигнување на ниво на квалитет на услуга.
- Следење, прецизно водење и пооплнување на Сервисен Налог и друга документација при вршење сервис на опрема во согласност со закон, правила и процедури.
- Уредно пополнување и следење на пропратна документација пропишана од компанијата.
- Комуникација и координација со Менаџер за логистика и сервис во врска со наплата на сервисна услуга и резервни делови или технички прашања во врска со опремата.
- Одржување на чисти и уредени работни простории и возила за обезбедување функционална и безбедна работна средина.
- Други работни задачи според налог на претпоставен менаџер.
Работни услови и бенефиции
- Одлична работна атмосфера
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Солидна плата плус бонуси
- Неограничени можности за лично и професионално надоградување преку континуирани обуки, семинари и team-building
Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов „Референт за логистика и сервис“.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
Слични огласи »