Сервисен координатор
Бараме одговорна, комуникативна и организирана личност за работна позиција Сервисен координатор. Одговорното лице ќе биде првата контакт-точка за клиентите при пријавување на сервисни проблеми. Неговата задача е да го прими повикот, да го идентификува проблемот и, доколку е возможно, да помогне во негово решавање преку телефонска поддршка.
Доколку проблемот не може да се реши, лицето ќе отвори соодветен сервисен налог, ќе организира испраќање на сервисен техничар и ќе го следи целиот процес до успешно завршување на интервенцијата.
Работни обврски:
- Примање и одговарање на телефонски повици од клиенти.
- Пријавување и евидентирање на сервисни проблеми.
- Обид за решавање на едноставни технички проблеми преку телефонска комуникација или мобилен телефон.
- Отворање и евидентирање на сервисни налози.
- Координација со сервисните техничари и следење на нивните активности.
- Распределба на сервисните интервенции.
- Следење на статусот на пријавените дефекти до нивно целосно решавање.
- Редовна комуникација со клиентите и информирање за текот на сервисната интервенција.
Потребни квалификации и вештини:
- Одлични комуникациски и организациски способности.
- Одговорност, професионалност и љубезен однос кон клиентите.
- Основно техничко познавање и способност за решавање проблеми.
- Познавање на работа со компјутер и MS Office.
- Способност за работа под притисок и приоритизирање на задачи.
- Претходно работно искуство во сервисна дејност ќе се смета за предност.
Работни услови и бенефиции
- Одлична работна атмосфера
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
- Неограничени можности за лично и професионално надоградување преку континуирани обуки, семинари и team-building
Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.