Референт за испорака и монтажа

Објавенпред 2 дена
Активен до26.11.2026
ПозицијаСервисери и монтери
ЛокацијаКуманово
Веб-страницаfortis.mk
За компанијата

Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Fortis® е компанија која се занимава со производство, дистрибуција, проектирање и продажба на професионална опрема за ресторани, пекари и HoReCa секторот како и комплетни решенија за истата индустрија.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Референт за испорака и монтажа

Потребни квалификации

  • ССС
  • Претходно работно искуство  ќе се смета како предност
  • Познавање на механика, електроника или фриготехника се смета за предност
  • Основно познавање од англиски јазик
  • Возачка дозвола – мин. Б категорија

Профил на личност

  • Фокусираност кон работните обврски
  • Организираност и одговорност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Прецизност и точност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Работење независно, со помал степен на директен надзор
  • Лојалност, доверливост, самоиницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под временски притисок
  • Способност за утврдување на причини за дефекти и предлагање на соодветни решенија

Работни задачи и одговорности

  • Манипулација, проверка, припрема, означување и пакување на опрема при прием или пред испорака во согласност со процедури и правилници пропишани од компанијата.
  • Ефикасна испорака, истовар и квалитетна монтажа на опрема на локација на клиент во согласност со правила и процедури.
  • Спроведување на темелна и квалитетна обука на клиенти/персонал овластен од клиенти за адекватно користење и чистење на опремата во интерес на намалување на дефекти предизвикани од неправилно ракување.
  • Константно надоградување на техничко и функционално знаење за опремата преку едукација и читање на упатства за користење и работа.
  • Квалитетно и експедитивно оддржување, дијагностика и проправка на дефекти на опрема во согласност со процедури и стандарди пропишани од компанијата со цел подигнување на ниво на квалитет на услуга.
  • Следење, прецизно водење и пооплнување на Сервисен Налог и друга документација при вршење сервис на опрема во согласност со закон, правила и процедури.
  • Комуникација и координација со Менаџер за логистика и сервис во врска со наплата на сервисна услуга и резервни делови или технички прашања во врска со опремата.
  • Одржување на чисти и уредени работни простории и возила за обезбедување функционална и безбедна работна средина.
  • Други работни задачи според налог на претпоставен менаџер.

Работни услови и бенефиции

  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Солидна плата плус бонуси
  • Неограничени можности за лично и професионално надоградување преку континуирани обуки, семинари и team-building

Доколку имате желба да се приклучите кон нашиот тим и сметате дека ќе бидете вистински кандидат за оваа работна позиција, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од ФОРТИС ДОО

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе