
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »
ПЛАНЕР ЗА ТРАНСПОРТ м/ж
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Фит кит –бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Хибриден модел на работа
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Планирање на дневни рути и утовари со цел непречено работење и во време предвидено со договори за соработка
- Оптимизација на рути на основ на работното време на купувачи, тип на возило со кое се доставува, географска одалеченост и расположивост на возила за тој ден
- Проверка и корекција на ВСО (Оптимизација на утоварен простор) во склад со барањата на купувачите, групирање на роба и можности на утовар на роба во возило, земајќи го предвид утоварниот простор на возилата кои се однапред дефинирани
- Користење на трансакции во SAP со цел организирање на рути на дистрибутивни возила и дефинирање на оптимални утовари по возило
- Учество во крос-функционални тимови
- Градење врски со клучни внатрешни соработници и надворешни заинтересирани купувачи, со цел да се осигураат оптимални резултати на тимот.
ШТО БАРАМЕ:
- Универзитетска диплома
- Претходно искуство на иста или слична позиција
- Одлични комуникациски вештини
- Познавање на ERP системи
- Напредно познавање на MS Office алатки (Word,Excel,Power Point)
- Познавање на SAP систем
- Одлично владеење со деловен англиски јазик
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 03.06.2026г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »