Кариера Онлајн лого

Специјалист за дигитален маркетинг

За компанијата: KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи... повеќе за компанијата »

КАРИЕРА.мк го проширува својот маректинг тим и има потреба од Специјалист за дигитален маркетинг кој има солидно искуство и сака нови предизвици. Оваа позиција би била совршена за некој што обрнува внимание на детали и е креативец.

Работни задачи:

  • Спроведување на веќе одобрен маркетинг план на нашите социјални канали FB/IG/LinkedIn
  • Создавање, пишување и постирање на содржини, дизајни и банери за рекламен простор
  • Развивање на нови креативни маркетинг кампањи (со поддршка од страна на цел тим)
  • Зголемување на свесноста за брендот
  • Email Marketing и
  • Техничка поддршка

Аплицирај на овој оглас доколку си:

  • Вреден, посветен и креативен и имаш маркетинг искуство од барем 1 година
  • Самоиницијативен, одговорен и доверлив
  • Имаш одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и граматика)
  • Имаш познавање од Facebook, Instagram, Linkedin, Google рекламирање и креирање на кампањи
  • Имаш познавање на Canva и Photoshop и си супер креативен, предност би имале апликанти со познавање на видео едитирање
  • Добар time managment

Работни бенефиции кои ги овозможуваме:

  • Работно време од понеделник-петок од 8:00h - 16:00h со слободни викенди
  • Сигурни, редовни и конкурентни месечни примања
  • Позитивна работна атмосфера во млад тим
  • Учење на нови маркетинг и аналитички алатки 
  • Работа со искусни професионалци
  • Работа на портфолио на најголемите и најуспешни компании во државата

Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои долгорочно се гледаат себе си во оваа работна улога да аплицираат преку копчето АПЛИЦИРАЈ!

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »