Триглав Осигурување АД, Скопје лого

Самостоен стручен соработник за поддршка на апликативни решенија (First level application support)

За компанијата:

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Триглав Осигурување АД, Скопје:

Застапник за осигурување

Триглав Осигурување АД, Скопје Ве поканува да аплицирате на огласот за вработување за работното место

Самостоен стручен соработник за поддршка на апликативни решенија (First level application support)


ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

Координација и соработка со надворешни добавувачи на апликативна програмска опрема, ја контролира и следи реализацијата на нивните задачи и обврски;
Водење на евиденции за ревизорски и регулаторни наоди, препораки и реализации во соработка со вработените во подрачјето на ИКТ, како и outsourcing компании;
Соработка во примената на упатства во врска со користењето на апликативната програмска опрема од страна на крајните корисници;
Обезбедување на поддршка и врши основно одржување на веб и мобилни апликации;
Подготовка на извештаи и евиденции поврзани со подрачјето на работа;
Соработка со стручните подрачја и служби на матичното друштво;
Подготовка и ажурирање на документацијата за плански и вонредни задачи од подрачјето на работа и редовно известување на одговорното лице на организациската единица.

 

МЕСТО НА РАБОТА:

Седиштето на Друштвото во Скопје
 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Обезбедување на прво ниво на корисничка поддршка – анализа на проблеми, решавање на кориснички барања;
Обработка на барања на корисниците: техничка поддршка за апликативни системи, отворање кориснички сметки за пристап до апликативните системи и ажурирање на правата за пристап на постоечките корисници;
Подготовка на извештаи и евиденции поврзани со подрачјето на работа;
Пренос на знаење и добри пракси во организациската единица, Друштвото и Групација Триглав.


ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

Активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.


ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

Познавање на Т-SQL;
Искуство во имплементација на проекти.


НА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ МУ НУДИМЕ:

Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог, не подоцна од 11.11.2023:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000WtHSt

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »