
Главни одговорности и обврски:
- Одговорен за подготoвка на прехранбени производи според рецептите, како и подготовка на храна од менито и надвор од менито
- Одговорен за подготовка на различни јадења, вклучувајќи главни јадења, ладни и топли предјадења и десерти (познавање на целокупната подготовка и готвење на храна од менито)
- Учествува во планирање и развој на менито
- Спроведување на строгите упатства за безбедност на храната и санитарни услови, како и соодветни хигиенски и санитарни процедури
- Решавање на евентуални проблеми со квалитетот на храната, поплаки од клиентите, како и прашања поврзани со ставките од менито и состојките
Очекувани квалификации:
- Завршено средно образование - пожелна кулинарска диплома или соодветно високо образование
- Висока работна етика
- Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Силни кулинарски вештини и познавање на различни техники на готвење
- Познавање на различни кујни и профили на вкусови
- Одлични вештини за услуги на гостите
- Развиени организациски вештини и вештини за управување со времето
- Внимание на детали и посветеност на квалитетот
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови
- Флексибилност за работа во смени
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
- Договор на неопределено време и конкурентна плата
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-522 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »