ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје лого

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ТРАФО МЕНАЏМЕНТ во СТРУМИЦА

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

 

За потребите на одделот Високoнапонски постројки, Група oдржување и трафо менаџмент, бараме:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ТРАФО МЕНАЏМЕНТ во СТРУМИЦА (М/Ж)

 

Работни задачи:

  • Редовни инспекции, сервисирања/испитување на ЕТР, ДТР и примарна опрема во големи ТС, отстранување дефекти, замена на опрема, реконструкција на опрема во големи ТС до 110kV; Подготовка на соодветни извештаи;
  • Редовна инспекција/сервис на ЕТР, демонтажа и монтажа на ЕТР по потреба и сите други активности поврзани со ЕТР
  • Сервис на ДТР во работилница и на терен и сите активности поврзани со ДТР, координација со други Оддели и КЕЦ-ови,
  • Редовна инспекција/ сервис/испитување/изготвување извештаи/протоколи, замена на примарна опрема во ќелија/поле, замена на останата примарна опрема,
  • Редовно и термовизиско снимање на опрема во големи ТС и изготвување на извештаи

 

Потребни квалификации

  • III-V степен, Електротехничко образование – Енергетика
  • Пожелно е да има положен испит за управување со електро-енергетски постројки
  • Возачка дозвола B категорија
  • Познавање и користење на MS Office
  • Организациски способности,
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за спроведување задачи во кратки рокови

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција испратете куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10.09.2019.

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »