
За компанијата:
NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на... повеќе за компанијата »
Компанијата НАТУРА ТЕРАПИ објавува конкурс за позицијата Affiliate Manager. Оваа позиција е клучна за развојот на нашите продажни канали преку affiliate marketing и успешно управување со партнерства кои ќе го подигнат брендот на повисоко ниво. Affiliate Manager-от ќе биде одговорен за создавање и имплементација на стратегии за привлекување нови партнери, одржување на висококвалитетни партнерски односи и остварување на поставените продажни цели.
Главни задолженија:
- Спроведување на стратегијата за affiliate marketing и развој на партнерски мрежи.
- Преговори и склучување нови договори со affiliate партнери и агенции.
- Секојдневна контрола и следење на резултатите од affiliate програмата и оптимизација за постигнување на повисок ROI.
- Координација на affiliate промоции и партнерски кампањи во соработка со маркетинг тимот.
- Анализа на перформансите на affiliate партнери и изготвување на редовни извештаи.
- Управување со affiliate платформи, следење на податоци за кликови, конверсии и други важни KPI-ови.
- Развивање нови стратегии за привлекување на affiliate партнери и зголемување на продажбите.
- Одржување на професионални односи со постојни affiliate партнери.
- Учествување во маркетинг стратегиите на брендот и континуирано подобрување на affiliate програма.
Барања:
- Претходно искуство на слична позиција во affiliate marketing (предност имаат кандидати со искуство во здравствена и нутритивна индустрија).
- Докажано искуство во изградба и управување со affiliate мрежи и партнери.
- Одлични организациски способности и способност за менаџирање на повеќе проекти истовремено.
- Исклучителни комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за работа со affiliate tracking платформи и анализирање на податоци.
- Аналитички пристап и ориентираност кон резултати.
- Проактивност и самостојност во работењето.
- Способност за работа под притисок и исполнување на поставени цели.
Нудиме:
- Атрактивна и конкурентна плата.
- Бонуси според постигнатите резултати и целите.
- Можности за професионален развој и кариеерен раст во рамки на компанијата.
- Динамична и креативна работна средина.
- Работа во млад и амбициозен тим.
Како да аплицирате:
Испратете го вашето CV и мотивационо писмо на [ [најави се за да го видиш е-маилот] ] со назнака „Апликација за Affiliate Manager“.
НАТУРА ТЕРАПИ е компанија која ја цени и поддржува својата affiliate мрежа, а оваа позиција нуди одлична можност за професионален раст и придонес кон растот на брендовите и производите што ги нудиме. Придружете се на нашиот тим и помогнете ни да ја зацврстиме нашата лидерска позиција!
Слични огласи »