
За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија...
повеќе за компанијата »
Поради потреба од нов кадар во Скопје, СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА има потреба од
C# DEVELOPER - СКОПЈЕ
Ви нудиме вработување и одлични услови за работа,
можност за професионална надоградба и напредување.
Вие знаете дека со избор на компанија како Сетек Се Од Техника го правите чекорот во вистинската насока.
Ве покануваме да станете дел на нашиот тим.
Одговорности и задачи:
- Развој, одржување и администрација на интерен портал
- Развој на интерни програмски пакети и помошни алатки согласно потребите на СЕТЕК Се од Техника
Потребни квалификации:
- Минимум ССС
- Одлично познавање на CSS3, HTML5, JS, JQuery, C#,.NET framework 4.x, MSSQL, IIS
- Познавање на DevExpress, Node.JS ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик – писмена и усна комуникација
- Солидно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Личен профил:
- Креативна, талентирана и мотивирана личност
- Трудољубивост, точност, работа со рокови
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Иницијативност, темелност, енергичност и позитивен став
- Способност за работа индивидуално и работа во тим
Сите заинтересирани кандидати треба да го достават своето CV и проекти на кој работеле досега преку полето Брза Апликација со наслов на огласот “ЗА C# DEVELOPER”.
Ве молиме без телефонски јавувања.
Слични огласи »