
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Електричар.
Потребни квалификации:
- Средно електротехничко образование,
- Претходно работно искуство се смета за предност,
- Поседување на возачка дозвола Б категорија,
- Способност за самостојна и тимска работа,
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.
Работни задачи и одговорности:
- Инсталирање, одржување и сервисирање на електрични инсталации и опрема,
- Дијагностицирање и отстранување на дефекти на електрични системи,
- Монтирање на разводни ормари, каблирање и осветлување,
- По потреба работа на терен за одржување на рекламните паноа/билборди,
- Обезбедува почитување на прописите за безбедност и здравје при работа,
- Пријавува ризици и потенцијални опасности.
Што нудиме:
- Постојана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
- Можност за учење и стекнување нови вештини,
- Обезбеден превоз до работното место,
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Работна униформа согласно работното место,
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди,
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција - Електричар”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »