СПОРТ М ДОО експорт-импорт Скопје лого

Маркетинг специјалист

За компанијата:

Спорт М е компанија основана во 2004-та година со домашен капитал и во моментов работи само на територијата на Република Македонија. Основна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на... повеќе за компанијата »

Спорт М ДОО Скопје објавува оглас за следната работна позиција:

Маркетинг специјалист

Опис на работни обврски:

  • Kомуникација и соработка со надворешни маркетинг агенции
  • Креирање на годишен маркетинг и комуникациски план и имплементација на истиот во согласност со зададени деловни цели
  • Одлично познавање на алатките за креирање, имплементирање и следење на платени реклами на Мета (Facebook & Insragram)
  • Анализа на извештаи за резултати од платените реклами и комуникациските активности
  • Следење на конкуренција и подобрување на перформансите на брендот
  • Комуникација со надворешни соработници за маркетинг кампањи и промо материјали
  • Адаптација на постоечки графички решенија

Квалификации:

  • Високо образование во областа на маркетинг
  • 3+ години искуство со платени реклами на Мeta
  • Познавање на алатките за графички дизајн на Adobe (Illustrator, Photoshop, Indesign)
  • Искуство во работа со Google Analytics и Meta Pixel
  • Напредно познавање на Microsoft Excel
  • Разбирање на различните KPI и метрики кои се користат при мерењето на перформансите на кампањите
  • Способност за креативно размислување и смислување иновативни идеи за кампањи
  • Темелно разбирање на платформите и технологиите на социјалните медиуми

Услови:

  • Тимска работа и позитивна работна атмосфера
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до и од работното место

Работно време: понеделник-петок: 08:00-16:00 часот.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на CV преку полето за аплицирање.

Кандидатите од потесен избор ќе бидат повикани на разговор со одделот за човечки ресурси.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »