
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Наш клиент е компанија, со висока општествената одговорност, која се занимава со продажба и дистрибуција на светски брендови на јаки алкохолни пијалоци со докажана традиција. Компанијата има вкупно учество од 50% од целокупниот увоз на алкохол на македонскиот пазар, остварувајќи ја продажбата во HoReCa сегментот, како и на off-tradе маркетот. За нивните потреби, ДЕКРА ја огласува следната позиција:
РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Креирање, имплементација и евалуација на продажна стратегијата
- Истражување и идентификување на нови можности за развој и ширење
- Активно следење и анализа на конкуренција , цени, потрошувачи и трендови на пазарот
- Спроведување на активности со цел континуирана промоција на брендовите
- Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи и анализи
- Координирање и контролирање на работните процеси на комерцијалистите и дистрибутерите
- Развивање и одржување на долгорочни односи со постоечки и потенцијални клиенти
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И СПОСОБНОСТИ:
- ВСС;
- Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
- Искуство во подготовка на финансиски извештаи и анализи
- Солидно познавање на Англиски и Хрватски јазик
- Одлично владење на MS Office пакетот
- Познавање на работа во ERP систем
- Возачка дозвола Б категорија
- Високо развиени лидерски способности, стратешки и организациски вештини
- Високо развиени комуникациски и преговарачки вештини;
- Проактивна и амбициозна личност која ги извршува секојдневните задачи со високо ниво на доверливост, посветеност и одговорност
- Способност за работа под притисок и работа со таргети
Клиентот нуди можност за раст на повисока позиција по одреден период, како и службено возило и континуирано професионално напредување преку доедукација и професионални обуки.
Доколку сте заинтересирани за работа во успешна и стабилна компанија која терставува интернационални брендови и ги исполнувате горенаведените услови својата професионална биографија (CV) може да ја испратите на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е 01/08/2021.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »