ФИНМАК ДОО Скопје лого

Training and Promotion Specialist

За компанијата:

Tigo.mk е дел од македонската компанија ФД Финмак ДОО. Финмак обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус.  Финмак ДОО е член на Групацијата... повеќе за компанијата »

ФД ФИНМАК ДОО е водечка fintech компанија во регионот, која нуди широк спектар на финансиски услуги, вклучувајќи краткорочни и персонални кредити. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата, со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги за приватни лица со наједноставен, најбрз и најудобен процес на позајмување за клиентите.

Специјалист за тренинг и промоции

Како Специјалист за тренинг и промоции во ФИНМАК ДОО, ќе бидете одговорни за планирање, организација и координација на обуки за технички и софт вештини за вработените. Во рамки на улогата, ќе обезбедувате релевантни податоци, анализи и извештаи поврзани со спроведените активности, како и административна поддршка на HR процесите.

Дополнително, позицијата вклучува учество во активности поврзани со промоција и директна продажба на производите на компанијата, во соработка со релевантните тимови.

Ќе рапортирате директно до Директорот за човечки ресурси и администрација, а вашата улога ќе придонесува кон ефикасното работење и развој на човечките ресурси во компанијата во целост.

Опсег на одговорности:

  • Изготвување на годишна програма и план за обука;
  • Креирање структурирани планови за развој на вработените и проценка на идните потреби за обуки;
  • Воведување на нови вработени (onboarding) и спроведување воведна обука;
  • Координирање и осигурување на ажурирани материјали за процесот на онбординг и учество во обуките; (видеа, скрипти, прирачници, PowerPoint презентации итн.);
  • Да ги идентификува потребите за обука за постојните вработени преку евалуација на нивното теоретско и практично знаење;
  • Спроведување на структурирани обуки за освежување споредоткриените потреби:
  • Обезбедување обука за вработените за технички вештини;
  • Обезбедување обуки за софт вештини (главно комуникациски, продажни и преговарачки вештини);
  • Следење и оценување на квалитетот на извршените обуки со цел нивно подобрување;
  • Следење ја ефективноста на обуката за да се обезбеди инкорпорирање на научените вештини и техники во работното однесување на вработените;
  • Административен дел од обуките и развојот (внесување податоци во HR софтвер, Excel статистики и извештаи итн.);
  • Истражувања и информирање за новите трендови и алатки во развојот на вработените;
  • Учествување во креирање на долгорочна стратегија за обука и развој;
  • Организира и спроведува екстерни обуки согласно потребите на компанијата;
  • Учествување во други HR процеси според потреба.

Квалификации и искуство:

  • Искуство на слична позиција во HR се смета за значајна предност;
  • Страст за личен раст и развој, со водење со пример и посветеност на саморазвој;
  • Многу е важно да бидете лице кое може да прифати коучинг, но и само да дава коучинг;
  • Потребна е високо мотивирана и ентузијастична личност за оваа позиција, која е проактивна, често предлага нови иницијативи и се грижи тие да се реализираат;
  • Вештини за презентација и говор пред публика;
  • Лице кое гради квалитетни односи со колеги и клиенти;
  • Подготвеност патувања (возачка дозвола Б категорија);
  • Способност за приоритетизација и добра организација;
  • Лице кое знае како да работи со податоци и да донесува одлуки засновани на податоци за идниот развој;
  • Познавање на Excel, PowerPoint и други MO алатки;
  • Познавање на Англиски јазик.

Компанијата нуди:

  • Полугодишен бонус систем
  • Приватно здравствено осигурување
  • Одличен тим исполнет со млади ентузијасти
  • Најсовремена технологија за професионална употреба

Позицијата Специјалист за тренинг и промоции во ФИНМАК нуди динамична и предизвикувачка можност за придонес кон вкупниот HR успех на компанијата, особено во делот на обука и развој на вработените во конкурентна и динамична деловна средина. Ќе имате можност да работите тесно со искусни колеги и да бидете интегрален дел од растот и успехот на компанијата во Северна Македонија.

ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот се согласува неговите/нејзините лични податоци наведени во CV-то да се чуваат во базата на податоци и обработуваат во рок од 1 година од денот на истек на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да го повлече дадениот согласност за чување и обработка на неговите лични податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Компанијата е посветена на создавање разновидна работна средина и горда е што е работодавач со еднакви можности.

Ве молиме имајте на ум дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »