Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Техничар за одржување

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Вдл Ван Хоол Македонија Дооел:

Електроинженер во сектор за производствено инженерство - Машнски инженер во сектор за производствено инженерство - Техничар за одржување - Референт за набавки - Инженер за јакостни пресметки и fea симулации - Инженер за дизајн и конструкција - Електроинженер (дизајн на системи) - Фарбари - Фарбар за антикорозивна заштита - Припремач - фарбара - Електро техничари - техничка контрола - Техничари за греење, вентилација и климатизација - техничка контрола - Механичари - подвозје и склопови - Електро инсталери - подвозје и склопови - Автолимари/Монтери - каросерија и патос - Столари - Оператор за магацин - Електро инсталери - завршна доработка - Електричари - Инсталери/општи монтери - завршна доработка - Автолакер - Фарбара - Инсталатер - Хигеничари - фарбара - Инсталер на декоративни самолепливи фолии

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Имплементација на сите безбедносни стандарди
  • Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство
  • Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи
  • Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика
  • Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат
  • Искуство во работа со вилушкар и платформа за работа на висина

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Задолжително средно образование од техничките науки (Електро струка)
  • Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ( ќе се смета за предност)
  • Способност за читање на техничка документација
  • Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина
  • Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик
  • Познавање на регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
  • Способен за превземање иницијатива во работењето
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »