
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ е дел од EVN групацијата чија главна дејност е снабдување со електрична енергија. Статусот на стабилен и долгорочен партнер кај корисниците го постигнуваме со поставување на највисоки стандарди за квалитет за нашите продукти и услуги по конкурентни и фер цени.
За потребите на групата Маркетинг и Продукт менаџмент, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОДДРШКА на IT СИСТЕМИ (М/Ж)
Работни задачи и активности:
- Подготовка на технички барања и спецификации за имплементација на ИТ решенија за ЕВН Македонија Електроснабдување
- Дизајнирање и имплементација на автоматизација на процеси во ЦРМ и базата на податоци на компанијата
- Бизнис администрација на ЦРМ системот
- Обучување на вработените за користење на системските решенија
- Сегментација на корисници и имплементација на сегментацијата
- Обезбедување поддршка на при: Анализа, развој и структура на продуктите и цените, развој и имплеметација на ценовна политика, планирање на поддршка, управување со продажно портфолио, анализа и истражување на пазарот на крајни корисници, анализа на конкуренција, обука на менаџерите за клучни и бизнис корисници, извештаи за пазарот, подготовка на податоци за планирање и известување.
Потребни компетенции:
- Високо образование - електротехничко или информатичко
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на SQL, Oracle ќе се смета за предност
- Основни познавања на структурата на податоците од енергетиката (податоци од броила, билинг и сл.)
- Основни познавања од областа на Проектен и процесен менаџмент
- Основни познавања на економија, финансии и статистика во енергетиката, ќе се сметаат за предност
- Познавање на Groovy (java) или R, како искуство со ЦРМ системи, истотака ќе се смета за предност
- Отвореност и комуникативност,
- Флексибилност и позитивен став,
- Одговорност и тимска работа,
- Аналитичност,
- Способност за ефикасна работа во кратки рокови.
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија Снабдување, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 21.03.2019.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!
Слични огласи »