
За компанијата:
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност.
Поради отворање на нов салон во Скопје, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
Менаџер на малопродажен салон во Скопје
Одговорности и задачи:
- Организирање и раководење на тимот;
- Градење на успешен тим;
- Пренесување на корпоративните вредности на останатите членови на тимот;
- Потикнување на тимот кон активна вклученост во продажба и нивен личен развој;
- Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
- Организација на работните обврски на членовите од тимот;
- Формирање планови за личен и тимски развој;
- Градење однос со потрошувачи;
- Развивање квалитетен процес за уредување на ентериерот на потрошувачот.
Твојот профил е:
- Сакаш мебел, уредување на ентериер и дизајн;
- Имаш позитивен став и енергија;
- Флексибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Насочен си кон тимска работа;
- Имаш работно искуство на слична позиција;
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина;
- Предизвикувачки и разновидни задачи;
- Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака менаџер на малопродажен салон во Скопје.
Слични огласи »