
За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување
Правен советник во Служба за правни работи и наплата на побарувања
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува правен советник во Служба за правни работи и наплата на побарувања.
- Го координира правното оценување на инструментите за обезбедување / колатералите за услугите / производите или трети страни (со што се определува правната солвентност на средствата, се дефинираат правните аспекти и мерки во однос на воспоставувањето на колатералите).
- Врши координирање и надгледување на правните работи, за потребите на еднообразно спроведување на правните и придружните активности на Банката.
- Одговорен е за правна проверка на сите договори на Банката и врши постојано следење на квалитетот и контрола на договорите од гледна точка на законитост и променливите одредби особено во стандардните договори и договорите општо, доколку се разликуваат од стандардните.
- Ги следи и координира аутсорсираните правни услуги, води правилна евиденција за нивното ангажирање.
- Го регулира следењето на правната теорија и пракса за потребите на проучување на конкретни правни прашања од интерес за Банката.
- Спроведува мерки за заштита на правните интереси на Банката
- Одржува правилна и точна евиденција за правните спорови, правните оценки на ризикот од правните спорови
- Дава правно советување во однос на клиентите, учествува во преговорите со клиентите на барање на поединечните организациони единици на Банката.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен – правни студии
- Положен правосуден испит
- 2 (две) години искуство
- Пожелно, но не задолжително искуство од работење во нотарска канцеларија или банка
- Познавање на регулативата во областа на стварно право, професионални правила и добри практики
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)
- Избраниот кандидат треба да поседува:
- Соодветни стручни и лични особини
- Одлични аналитички вештини
- Високо ниво на комуникациски вештини
- Иницијатива и флексибилност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Правен советник”, најдоцна до 02.11.2023 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест, како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »