Декра лого

Маркетинг Специјалист

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer

Наш клиент е АУТОМОБИЛЕ-СК ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките FIAT, ALFA ROMEO, ABARTH и JEEP за Македонија и Косово. За потребите на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција:

  • Маркетинг Специјалист

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Ја следи и применува маркетинг и комуникациската политиката на производителот и увозникот;
  • Помага во подготовката, спроведувањето и следењето на рекламните и комуникациските кампањи за производи и услуги, на сите медиуми;
  • Ја развива и управува содржината на сите интернет сајтови на увозникот во согласност со вредностите и карактеристиките на марките, политиката и приоритетите на производителот и увозникот;
  • Ги надгледува каналите за online маркетинг ( социјални и дигитални медиуми) и спроведувањето на содржините и кампањите;
  • Ги поддржува и следи маркетинг и рекламните активности на дилерите;
  • Врши константна анализа и изработува извештаи поврзани со сите активности од пазарот на нови возила;
  • Предлага и организира комуникациски настани; по потреба подготвува/ преведува пр соопштенија, комуницира со новинари;
  • Го поддржува CRM системот на компанијата;
  • Остварува блиска соработка со тимот за продажба и после продажба;
  • Извршува други деловни задачи од делокругот на работењето по барање на претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование, економски факултет, насоки од областа на маркетинг, комуникации или бизнис;
  • Најмалку 3 години претходно работно искуство во следниве области: адвертајзинг, социјални/дигитални медиуми, комуникации и настани;
  • Искуство во делот на интернет маркетинг (социјални, дигитални медиуми) ќе се смета за предност;
  • Искуство во автомобилскиот сектор ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик; владеење на втор странски јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Одлични интерперсонални вештини и вештини за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
  • ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »