
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата HELLENiQ и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- Инженер во сектор Движење на нафта и нафтени деривати
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Ги води, раководи и ги решава оперативните проблеми и хаваријни ситуации на технолошките процеси и постројки поврзани со рекуперација на јаглеводородните гасови при утовар на течни горива, производство на пареа и истовар/утовар и складирање ТНГ;
- Врши припрема за изведување на ремонтни активности на технолошките постројки, складишни резервоари, технолошки линии, пумпи и друга опрема;
- Спроведува мерки и активности поврзани со безбедно работење при процесите на истовар, утовар и трансфер на течни горива и ТНГ;
- Организација и координација на работата во секторот Движење на нафта и деривати околу извршувањето на програмите, плановите и другите задачи;
- Контрола на извршувањето на дневните планови;
- Увид во технолошката документација, давање на предлози во врска со реконструкција или подобрување на работните процеси во секторот;
- Координација на подготвителните и изведбените активности во врска со планските и вонплански ремонти на постројките и опремата во секторот Движење на нафта и деривати;
- Следење и анализирање на технолошките трошоци и превземање мерки за нивно намалување;
- Сооработка со главниот инженер во секторот и други организациони единици на ОКТА за разни прашања од тековното работење;
- Учество во процесот на одржување на постојната и во изборот на нова опрема;
- Учествување во изработка на проекти и елаборати за воведување на нови технолошки линии и подобрувања или реконструкција на постојаната технолошка инфраструктура;
- Следење и анализа на квалитетот на производите во однос на пропишаните стандарди;
- Сооработка со соодветните сектори во ОКТА и државни институции околу точноста на мерните инструменти, организација на редовни и вонредни контроли на мерните инструменти;
- Решавање, во сооработка со соодветни сектори, на тековните прашања околу динамиката на утовар/ истовар, како и рекламациите кои се однесуваат на квалитетот на производите;
- Следење на отпремата на дериватите на основа на добиени дневни, неделни и месечни извештаи;
- Изготвување на месечни извештаи за извршените работи од делокругот на работење;
- При укажана потреба извршува и други работи во доменот на неговата стручна подготовкa.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Универзитетско образование - пожелно Технолошки, Машински, Електротехнички факултет;
- Најмалку 3 години инженерско работно искуство;
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
- Познавање на техничките и инсталационите процеси, услови, материјали и релевантни стандарди ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство со нафтени деривати, водење на технолошки процеси вклучителоно и технолошка пареа, цевоводи и цевна инсталација ќе се смета за предност;
- Претходно работно искуство со SAP се смета за предност.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Kомуникациски и интерперсонални вештини;
- Oрганизациски и лидерски вештини;
- Аналитички вештини;
- Ориентираност кон тимска работа;
- Одговорност и кооперативност;
- Иницијативност;
- Мобилност и способност за приспособување на разни работни задачи;
- Time management вештини;
- Способност за донесување одлуки;
- Способност за работа на висина, работа на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати;
- Професионализам и висок етички стандард.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е од 07:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »