Македонијатурист АД Скопје лого

Техничар за конференциска опрема

За компанијата:

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »

„МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ АД Скопје има потреба од вработување на

Техничар за конференциска опрема

Локација на работа: Хотелите и објектите во состав на „Македонијатурист“ АД – Скопје

Работно време: Полно работно време

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Реализирање на работни задачи во делот на управување со конференциска и друга сродна опрема
  • Ја поддржува работата на Одделението и Секторот
  • Ја следи работата на техничките основни средства и опрема и се грижи за нивното функционирање
  • Презема мерки и дејствија за непречено одржување на настани во сите капацитети на Друштвото
  • Води грижа и ја одржува конференциската опрема
  • Се грижи за имплеметацијата на новите системи и сервисирање
  • Се координира и постапува по насоките на Главниот техничар за конференциска опрема
  • Врши други работи и работни задачи по налог на претпоставениот

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Со или без високо образование
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик (А2 ниво или повисоко, писмено и усно)

 ШТО НУДИ „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“

  • Редовна и стабилна плата
  • Регрес за годишен одмор (К-15)
  • Топол оброк
  • Работа во хотел со високи стандарди
  • Пријатна работна средина
  • Можност за обука и напредување

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

Заинтересираните кандидатки може да испратат CV на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Рок за аплицирање: 10 дена од денот на објавување на огласот.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »