Недцанн Северна Македонија лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Хигиеничар во култивација

Компанија за производство на медицински канабис НЕДЦАНН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, со производствен погон во Охрид, објавува оглас за засилување на својот тим.

Работно место: Хигиеничар во култивација

Главни одговорности:

  • Секојдневно чистење и дезинфекција на култивационите простории и опремата согласно SOP.
  • Миење, сушење и одржување на подови, ѕидови, површини и прибор во контакт со материјал.
  • Подготовка и правилно разредување на хемикалии за чистење; водење евиденција во логбук.
  • Спроведување на дневни, неделни и месечни планови за чистење со потпис на одговорно лице.
  • Пријавување оштетувања и потреба за дополнително чистење до супервизор/QA.
  • Асистенција при генерални чистења и почитување на биосигурносни мерки при движење меѓу зони.
  • Обезбедување чисти инструменти и работни површини пред активности со растенија.
  • Почитување безбедносни правила при работа со хемикалии и учество на редовни GMP/GACP обуки.

Барања:

  • Минимум завршено средно образование
  • Способност за работа во тим и следење на дадени упатства
  • Одговорност, дисциплина и внимание на детали
  • Подготвеност за работа во чисти и контролирани услови

Нудиме:

  • Работа во модерна и динамична средина
  • Обука според највисоки стандарди
  • Редовни месечни примања и стабилни услови за работа

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »