
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА
Фруктал Мак а.д. Скопје- фабрика за преработка на овошје и производство на квалитетни овошни сокови, нектари и пијалоци изработени без конзерванси, отвара можност за вработување. За нивните потреби, Декра ја огласува следната позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Електротехничарот во сектор Одржување треба да има основно/пожелно познавање или искуство во:
- Автоматика;
- Сензори фото, индуктивни итн;
- Фреквентни регулатори;
- Ниво регулатори;
- Користење на електрични шеми;
- Користење на мерни инструменти (унимери и сл.).
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено Средно Образование (електро техничар, електричар);
- Минимум 2 години работно искуство;
- Познавање на работа со компјутер;
- Основно познавање на англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Способност за работа во тим;
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
- Желба за едукација и надградба;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 06/12/2019
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.
Слични огласи »