
За компанијата: Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.
повеќе за компанијата »За потребите на компанијата:
ВИНДИЈА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ , ул. Јадранска Магистрала 47А, Скопје
Се објавува оглас за пополнување на следното работно место:
Менаџер за продажба
(за целокупната македонска територија).
Задачи и одговорности
Одговорност на организирање на продажбата на целокупниот асортиман од составот на Виндија Интернационал Дооел-Скопје во рамки на целокупната македонска територија. Истражување на пазарот, следење на конкуренцијата, склучување купопродажни договори со купувачите. Одговорност за организација на работата на: референти за продажба, возачи-дистрибутери. Одговорност за оставрување на целите и планот на продажба на преставништвото како и наплата на побарувањата од купувачите.
Потребно Образование и вештини
- ВСС, ВШС од областа на економијата и општествените науки
- Активно знаење на англиски или германски јазик
- Познавање и работа со компјутери (excel, word)
- Возачка дозвола Б категорија
- Предност имаат кандидатите со искуство и продажба на прехранбени производи
Личен профил на кандидатот
- Високи организациски способности, наклонетост кон тимска работа, како и самостојност и иницијатива.
- Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување на продажбата
- Креативност и упорност во спроведувањето на поставените цели
- Вештини за комуникација, бизнис преговарање и презентирање.
Работно време со почеток 07 часот до 15 часот ;40 часа неделно ; 8 часа дневно
Ви нудиме работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV ) со слика, мотивационо писмо и потврда за стекнато образование на е-меил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 22.08.2018
Некомплетни и подоцна пристигнати пријави нема да се разгледуваат.
Слични огласи »