ЦЕРМАТ ДОО лого

Комерцијалист за продажба - Тиквешки регион (Кавадарци, Неготино и Демир Капија)

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред еден месец
  • ЦЕРМАТ ДОО
  • Активен до 04.01.2026
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Кавадарци
  • Веб: www.cermat.com.mk/
  • Facebook: линк

Активни огласи од ЦЕРМАТ ДОО:

Доставувач - Битола

Доколку си комуникативна и организирана личност, која ужива во продажба и работа со клиенти - ЦЕРМАТ ДОО нуди можност за вработување на високомотивиран кадар во областа на делот за Продажба - имаме потреба од 1 Комерцијалист за продажба со претходно работно искуство за регион Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Што е тоа што го бараме?

  • Средна стручна подготовка (ССС) 
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Искуство во продажба,
  • Добро познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point)
  • Изграден став за индивидуална и тимска работа,
  • Личност која е одговорна и добро организирана,
  • Личност од доверба и желба за градење на кариера во Цермат.

Краток опис на основните одговорности

  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и ширење на дистрибутивната мрежа,
  • Обезбедување на соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата,
  • Спроведување на дневни активности поврзани со остварување на претходно утврдените цели,
  • Утврдување и решавање на приговори и поплаки од купувачите,
  • Креирање и проследување нарачки,
  • Давање насока на купувачите за правилна употреба на производите.

Со праќање на Вашата апликација, сте согласни Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Како да аплицирате?

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови треба да аплицираат преку испраќање на CV (Резиме), со слика на следниот e-mail:   [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 31.12.2025 година и задолжителна назнака: КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА – за Тиквешки регион.

Апликациите кои ќе пристигнат после предвидениот рок, нема да бидат земени во предвид.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »