Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
ЛЕОНА од Свети Николе е успешна компанија која произведува квалитетни кондиторски производи. ЛЕОНА го започна производството на чоколадо и чоколаден крем за подоцна да го прошири производството на бисквити... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)
ВРАБОТУВАМЕ: Менаџер за продажба
Во срцето на Свети Николе, од 1998 година, ЛИОН создава слатки задоволства кои освојуваат срца ширум светот. Нашите производи, од чоколади и кремови до штрудли и вафли, се дел од секојдневието на потрошувачи на речиси сите континенти. Нашата посветеност на врвен квалитет и задоволството на клиентите е тоа што нè издвојува.
Веруваме дека клучот за успехот е силниот продажен тим. Затоа, бараме Менаџер за продажба кој ќе придонесе кон растот и развојот на брендот, градејќи долгорочни релации со нашите партнери и клиенти. Што нудиме? ✔️Конкурентна плата која ги рефлектира Вашите способности и труд. ✔️Работа во динамична средина која нуди можности за раст и развој. ✔️Организирање на обуки за професионален и личен развој. ✔️Пакет бенефиции ЛИОН. ✔️Поддршка за Вашите соништа и Вашето место во ТИМОТ на ЛИОН. Што бараме? 1️⃣Силни комуникациски вештини 2️⃣Напредни преговарачки вештини 3️⃣Прецизност и методичност при работењето 4️⃣Флексибилност 5️⃣Тимска соработка Вашите работни задачи ќе вклучуваат: ➖️ Комуникација со клиенти, следење на нивното задоволство и преглед на нивните нарачки ➖️ Контрола на цени и евалуација на план за понуда на нови производи или таргети на постоечките ➖️ Креирање на план за наплата на потврдени нарачки ➖️ Подготовка на понуда кон нови клиенти и мостри за истите ➖️ Анализи и пресметки за испорачани производи кон клиенти ➖️ Планирање и учество на регионални и интернационални саеми ➖️ Тесна соработка со останатите компаниски Сектори
Придружете се на нашиот тим!
Ако сакате да станете дел од приказната на ЛИОН Свети Николе, испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или на полето АПЛИЦИРАЈ.
Слични огласи »
Обуки
пред 40 минути
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена