
За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Машински инженер – продажба на опрема за климатизација
Фасилити Менаџмент Сервицес Дооел - Скопје, компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на:
Машински инженер – продажба на опрема за климатизација
Обврски и одговорности:
- Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа
- Организирање, координирање и водење на продажните активности
- Организирање и водење на состаноци и презентации
- Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите
- Изработка на понуди
- Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности
- Раководење со тимот за продажба и продажната мрежа
- Редовно известување и водење на соодветна евиденција за текот на проектите
Квалификации:
- Високо образование од областа на техничките науки (Машински факултет )
- Најмалку 3 години работно искуство во продажба
- Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација
- Работа на компјутер (MS Office пакет, AutoCAD)
- Добри комуникациски и организациски способности
- Способност за работа под притисок и зададени рокови
- Способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија
- Прецизност и флексибилност
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Слични огласи »