Интернешнл Хотелс АД Скопје лого

Маркетинг агент/ка

За компанијата:

Хотел Континентал е најголемиот хотел во Република С. Македонија и добро познат по својата долга традиција на извонредно сместување во соби, добра храна, како и организација на коктели, семинари, конференции, состаноци, дипломи и свадби.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Интернешнл Хотелс АД Скопје:

Овластен/а сметководител/ка

(преземи го огласот во Word)

Хотел Континентал вработува маркетинг агент/ка со работно искуство . Целиот оглас е прикачен во прилог. За подетални информации јавете се на 070 244 941 или пратете кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] .

МАРКЕТИНГ АГЕНТ/КА

Потребни квалификации:

  • ВСС / ССС
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутери и познавање на MS Office пакетот
  • Задолжително работно искуство  во маркетинг

Основни задолженија и одговорности:

  • Го истражува пазарот
  • Прави   споредбени анализи на цените на пазарот
  • Контактира со сите јавни институции, органи на управување, странски мисии, амабасади со цел да се понудат и продадат  хотелските и угостителските капацитети
  • Организира и координира одржување на разни средби, семинари, конгреси , тркалезни маси се грижи за рекламирање на капацитетите на објектот
  • Контактира со јавните медиуми за одредување простор и време за рекламирање
  • Должен е постојано да го шири кругот на познати со цел да обезбеди поголем обем на работа  и за таа цел ги користи сите организирани средби во хотелот (коктели, приеми и сл.)
  • Го договара начинот на плаќање на услугите одобрен од менаџментот
  • За сите договорени поединости  за секој поединечен проект  изготвува работен налог и истиот го дистрибуира до сите одделенија кои учествуваат во пружањето услуга
  • Поднесува дневен извештај за работата кај Менаџментот
  • Поднесува годишен извештај за работата кај Менаџментот
  • Ги негува контактите и односите со клиентите во текот на целата година
  • Патува во земјите за кои е задолжен и посетува саеми
  • Обавува и други работи и работни задачи по налог на Управителот

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, испратете ја Вашата Професионална Биографија (CV) на следнава e-mail адреса: job@hotelcontinental.com.mk со задолжителна назнака на апликацијата “Маркетинг Агент/ка”  

Напомена:

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведениве услови, ќе бидат контактирани!  

Апликациите кои се испратени по истекот на огласот нема да бидат разгледани

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »