
За компанијата: Paket.mk е најголемиот онлајн супермаркет во државата, кој ви овозможува избор на повеќе од 15.000 намирници достапни за достава истиот ден.
повеќе за компанијата »За нас
Paket е водечки онлајн супермаркет кој расте со брзо темпо и ја менува навиката на купување намирници. Кај нас, корисничката поддршка е срцето на искуството – затоа што веруваме дека секој контакт со клиент е шанса да создадеме доверба и лојалност.
Зошто оваа улога е посебна?
Ова не е само почетна позиција – ова е стартна точка за кариера. Многу од нашите менаџери ја започнаа својата приказна токму од тука. Позицијата е вистински „инкубатор“ за личен и професионален раст, каде што ќе научиш сѐ за компанијата, нашите корисници и динамиката на е-трговијата.
Што ќе правиш:
- Комуникација со клиенти преку различни интегрирани комуникациски канали.
- Решавање на барања и проблеми со позитивен и професионален пристап.
- Користење на современи алатки за следење на достава и ERP системи.
- Соработка со останатите тимови за да обезбедиме беспрекорно искуство за клиентите.
Твојот профил:
- Течно познавање на македонски и англиски јазик.
- Одлични комуникациски вештини и позитивен став.
- Подготвеност за учење и преземање одговорност.
- Тимски играч кој сака динамична средина.
Што нудиме:
- Можност да станеш дел од брзорастечка компанија.
- Кариера што може да се развие во повеќе насоки – категори менаџмент, маркетинг, операции, финансии, технологија и повеќе.
- Конкурентна плата и бонуси.
- Пријателска и поддржувачка работна атмосфера.
Локација: Пинтија, Кисела Вода, Скопје.
Подготвен/а за предизвик?
Аплицирај сега со испраќање на твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Слични огласи »